• понеделник, 01 јули 2024

Шаќири ќе присуствува на почетокот на државното тестирање на ученици од трето одделение

Шаќири ќе присуствува на почетокот на државното тестирање на ученици од трето одделение
Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска во Основното училиште „26 Јули“ во општина Шуто Оризари ќе присуствува на почетокот на првото главно тестирање во рамки на државното тестирање на ученици од трето одделение. Тестирањето го спроведува Државниот испитен центар и ќе бидат опфатени ученици од 79 училишта на македонски наставен јазик и 41 училиште на албански наставен јазик. Ќе бидат тестирани 4200 ученици по мајчин јазик (македонски јазик или албански јазик) и 1600 ученици по математика (на македонски и на албански јазик). -Основна цел на државното тестирање е да даде објективни и веродостојни податоци за остварувањето на стандардите на постигањата на учениците за наставни подрачја и наставни предмети од особена важност во текот на основното образование. Ваквите податоци ќе обезбедат докази за развој и унапредување на образовните политики во насока на достигнување на современите светски образовни стандарди, соопшти Министерството за образование и наука. хс/мд/

Остани поврзан