• вторник, 05 ноември 2024

Чориќ загуби девет од последните 10 натпревари

Чориќ загуби девет од последните 10 натпревари
Буенос Аирес, 13 февруари 2020 (МИА) – Хрватскиот тенисер Борна Чориќ, загуби од Бразилецот Тијаго Монтеиро во второто коло на турнирот во Буенос Аирес со 0-2, по сетови 4:6 и 6:7. Дваесет и тригодишниот Чориќ загуби девет од неговите последни 10 натпревари. Единствената победа што ја освои на АТП Купот над Доминик Тим, за него е прва од 2018 година, против играч од ТОП 10. По Австралија опен, Чориќ испадна од првите 30, за прв пат од јуни 2018 година, што негов најлош пласман на АТП ранг листата. зс/

Остани поврзан