• петок, 22 ноември 2024

Чокревски најавува стандарди за информатичка безбедност и антикорупција: Немаме правила и процедури за дигитално работење

Чокревски најавува стандарди за информатичка безбедност и антикорупција: Немаме правила и процедури за дигитално работење

Скопје, 9 јуни 2023 (МИА) - Институтот за акредитација најавува воведување два нови стандарда, ИСО 27001 - за информатичка безбедност и ИСО 37001 - против поткуп и корупција. 

Како што изјави за МИА директорот на Институтот, Слободен Чокревски, идејата е двата стандарда да се воведат во државните институции. ИСО 37001 би бил вид гаранција дека во институциите нема корупција, а ИСО 27001 ќе значи дигитално работење по точно утврдени правила и процедури.

- Во фаза сме на воведување на овие два стандарда. Во однос на антикорупцијата, нашата идеја е овој стандард да се воведе во државните институции. Има закон што се однесува на воведување системи за квалитет во државните институции и во него би можеле, исто како за ИСО 9001, да воведеме задолжителност за спроведување на ИСО 37001 - систем против корупција, но и систем за управување со безбедноста на информациите. Ова е систем на работење, алатка за хоризонтално спроведување во сите институции и важно е што побрзо да почнеме да ја спроведуваме. Да сме почнеле пред пет години, веќе ќе имавме некаков резултат, истакна Чокревски.    

Според него, во земјава се уште нама правила за дигитално работење.

Има напредок во дигиталната писменост на младите меѓу 16 и 19 години во земјава во 2019 година, беше соопштено на онлајн-конференција што денеска ја организираше Центарот управување со промен

- Досега работевме по разни закони кои се однесуваат на хартиено работење, административно и архивско, документи,.., но сега сето тоа полека се префрла во дигитална фомра, а ние немаме правила, немаме безбедност. Тоа е исто како да имате автопати, а да немате ниту еден сообраќаен знак. Немаме правила, немаме процедури за дигитално работење. ИСО 27001 се всушност меѓународни правила за како дигитално да работиме, но безбедно. Фирмите во развиениот свет не комуницираат меѓу себе ако немаат ваков систем за безбендост. Идејата на овој систем е и нашите фирми и институции рамноправно да комуницираат и да влезат во светските текови, објасни директорот. 

За стандардите се веќе формирани работните групи и има интерес од фирмите за нивно сертифицирање.

- Бараме поддршка од највисоките политички инстанци, од Владата. Идејата е да се воведе задолжителност и полека да се спроведе процесот. Има фирми и државни институции кои и во овој момент, на пример, сакаат да бидат акредитирани по ИСО 37001 или 27001. Бараат странски фирми да доаѓаат од надвор за да ги сертифицираат, нагласи Чокревски.

Во Европа ИСО 37001 е воведен во 2016 година, а ИСО 27001 од 2010 година.  

Институтот за акредитација кој одбележува 20 години од основањето, денеска го одбележа и Светскиот ден на аредитацијата под мотото „Акредитација: Поддршка на иднината на глобалната трговија“. На свеченоста беа врачени сертификатите на акредитираните и реакредитираните тела за оцена на сообразност, во периодот јуни 2022 – јуни 2023 година. мч/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан