• петок, 05 јули 2024

Членките на НАТО договорија 40 милијарди долари помош за Украина во идната година

Членките на НАТО договорија 40 милијарди долари помош за Украина во идната година


Брисел, 3 јули 2024 (МИА) - Сојузниците на НАТО се согласија да финансираат воена помош за Украина со 40 милијарди евра следната година, изјавија двајца западни дипломати за западни медиуми.

Западноевропски дипломат изјави дека лидерите на алијансата ќе ја потпишат таа обврска следната недела за време на самитот во Вашингтон.

Претходно, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг побара од земјите-членки да ја задржат воената помош за Украина на исто ниво како и во годините по целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година - од околу 40 милијарди евра годишно.

Блумберг јави дека некои земји-членки на НАТО не се подготвени да се обврзат на конкретни повеќегодишни трошоци за воена помош за Украина.

Самитот на НАТО ќе се одржи во Вашингтон од 9 до 11 јули. зш/

 

Остани поврзан