• сабота, 13 април 2024

Четири лица загинаа во престрелка во Калифорнија

Четири лица загинаа во престрелка во Калифорнија

Кинг Сити, 4 март 2024 (МИА) - Најмалку четири лица загинаа, а неколку други се ранети во престрелка во американскиот град Кинг Сити, во Калифорнија, соопштија властите.

Надлежните органи соопштија дека пукањето се случило синоќа, по забава во двор од куќа, при што тројца мажи починале на лице место, додека една жена била пренесена во болница, но таму била констатирана смрт.

Полициската управа на Кинг Сити соопшти дека тројцата повредени мажи биле пренесени во болница.

Полицијата соопшти дека тројца непознати лица излегле од возилото и пукале во група луѓе во дворот од куќата. Истрагата е во тек. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан