• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Салам: Никој во Либан не сака нормализација на односите со Израел

Салам: Никој во Либан не сака нормализација на односите со Израел

Бејрут, 26 март 2025 (МИА) – Премиерот на Либан, Наваф Салам изјави дека никој во земјата не сака нормализација на односите со Израел.

Според него, петте точки кои се под контрола на Израел во јужниот дел на Либан немаат воена или безбедносна вредност, туку служат само да се врши притисок врз Бејрут.

Хезболах и Израел договорија прекин на огнот на 27 ноември минатата година, но израелската армија го нападна Либан на 22 март, при што загинаа шест лица, меѓу кои и едно дете. Израелскиот напад уследи по пресретнување на ракети, наводно истрелани од либанска територија.

Хезболах ја негираше одговорноста за ракетниот истрел, за кој никој не ја презеде одговорноста, и го обвини „израелскиот непријател“ дека бара оправдување за континуираните напади врз Либан. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан