• понеделник, 23 декември 2024

Четири домашни растенија благопријатни против несоницата

Четири домашни растенија благопријатни против несоницата
Скопје, 15 февруари 2022 (МИА) - За луѓето што почесто ги мачи несоница, постојат домашни украсни растенија кои делуваат смирувачки и коишто треба да се имаат в соба заради поудобна и поблагопријатна атмосфера за спиење. Алое вера Главната предност на алоето е тоа што е лесно за одгледување и одржување. Покрај тоа што е незаменлива состојка во производите за нега на кожа, тој е и одличен избор за во Вашиот дом, затоа што ослободува повеќе кислород во текот на ноќта, што пак, го прочистува воздухот во просторијата за спиење и во домот воопшто. Сабјица (Dracaena trifasciata, во нашето подрачје позната и како „свекрвин јазик“) И ова растение, по потекло од Африка, не е тешко за одржување. Во текот на летото пожелно е да се полева 2-3 пати месечно, а при постудено време наводнувањето речиси непотребно. Одличен прочистувач на воздухот, а се верува и дека носи среќа. [caption id="attachment_449207" align="alignright" width="275"]Лаванда Лаванда[/caption] Лаванда Едно истражувањето докажа дека мирисот на лаванда ги прави бебињата помалку раздразливи и им помага побрзо да заспијат. Покрај како украсно растение, може да се користи и масло од лаванда. Зелен крин И ова растение лесно се одгледува и одржува бидејќи успева во различни услови. Зелениот крин е еден од најдобрите природни прочистувачи на воздухот, а се одликува и со солидни антибактериски својства.  си/ссм/

Остани поврзан