• понеделник, 23 декември 2024

Четиринаесет општини добија нови противпожарни возила

Четиринаесет општини добија нови противпожарни возила
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Во рамки на настанот под слоганот „Цивилната заштита помеѓу институциите и граѓаните“, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување денеска беше извршено примопредавање на противпожарни возила и опрема за 14 општини. На паркингот во спротскиот центар „Борис Трајковски“ – Скопје граѓаните можеа одблиску да се запознаат со опремата за заштита и спасување на ДЗС и опремата на другите учесници на настанот. Премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на настанот истакна дека вонредните ситуации, непогоди и несреќи не научија дека треба да создадеме заеднички и комплексен систем на сите институции со цел донесување на брзи и ефикасни решенија. Од тие причини, посочи тој, денешниот настан е особено важен. -Денес им предаваме нови противпожарни возила на 14-те општини во Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Кичево, Охрид, Кочани, Штип и Гостивар. На овој начин овозможуваме сериозно подобрување и комплетирање на техничката опрема, рече Ковачевски. Информираше дека протипожарните возила се набавени преку ДЗС за 42,5 милиони денари. Ова, како што кажа тој, е исполнување на ветувањето до граѓаните за набавка на вакви возила. -Владата останува посветена на обезбедување услови за ефикасно делување и интервенирање на протипожарната служба и останатите чинители на цивилната заштита. Особено е важно што ваквите инвестиции се спроведуваат превентивно односно со цел навремено подигање на нивото на противпожарната служба пред следниот критичен период односно пред следната летна сезона, рече премиерот. Директорот на ДСЗ Беким Максути истакна дека нивна цела е со овој настан да се привлече вниманието кон улогата и значењето на системот за заштита и спасување и да се подигне свеста за важноста од подготвеноста за справување со различни природни непогоди и други несреќи и воедно да бидат претставени новите противпожарни возила кои ќе им бидат претставени на општините. Максути кажа дека се неопходни на реформи на постоечките и создавање на нови структури на системот за заштита и спасување. -Токму поради тоа активностите на ДЗС се насочени кон заштитата и спасувањето на животот на луѓето, животната средина, материјалните добра, природниот и животинскиот свет, културното наследство, рече тој. Максути им искажа признание и благодарност на сите тимови за спасување кои веќе четврти ден пребаруваат исчезнато лице во реката Вардар. На настанот беа прикажани повеќе показни вежби, како и опрема. ев/ац/

Остани поврзан