• понеделник, 23 декември 2024

Четвртфинале за три од четирите македонски селекции на Балканијадата во пинг-понг

Четвртфинале за три од четирите македонски селекции на Балканијадата во пинг-понг
Албена, 24 јуни 2021 (МИА) - Во Албена, Бугарија во тек е Балканското првенство во пинг-понг за јуниори и кадети. Учествуваат единаесет од дванаесет држави членки на Балканската пингпонгарска федерација. Македонската репрезентација на балканското првенство учествува со комплетен состав на младинските репрезентации со десет натпреварувачи и двајца тренери. Првиот ден на првенството е резервиран за екипните натпреварување. После натпреварите во групи три од четири македонски селекции ги продолжуваат натпреварите во четвртфиналето. Единствено пласман не обезбедија кадетите кои завршија на четврто место во групата. Јуниорите загубија од Србија со 3:0, ја победија Албанија со истиот резултат. И јуниорките имаа еден пораз (Турција 0:3) и една победа (Албанија 3:0). Кадетите претрпеа три порази, од Турција, Србија и од Грција, сите со по 3:0. Кадетките загубија од Бугарија со 3:0, а ја совладаа косовската репрезентација со 3:2. зс/

Остани поврзан