• петок, 22 ноември 2024

Четврти ден протести во Грузија поради спорните изборни резултати

Четврти ден протести во Грузија поради спорните изборни резултати

Тбилиси, 6 ноември 2024 (МИА) - Во Тбилиси, пред Апелациониот суд, четврти ден се одржува протест на опозицијата против резултатите од парламентарните избори, на кои владејачката партија „Грузиски сон“ прогласи победа.

Опозицијата, која одби да го признае резултатот поради обвинувањата за широко распространета изборна измама, одржува големи протести во Тбилиси откако промосковската партија Грузиски сон, која е на власт во последните 12 години, победи со 54 отсто од гласовите. 

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, исто така ги отфрли резултатите, укажувајќи на манипулации и руско мешање.

Илјадници демонстранти се собраа пред судот, барајќи нови избори и обвинувајќи дека тајноста на гласањето била нарушена. 

Протестот во Тбилиси се случува откако судот во централниот град Гори денеска ја отфрли петицијата на набљудувачите на изборите за поништување на резултатите во неколку избирачки места во градот, каде што беше прекршена доверливоста на гласовите за време на парламентарните избори на 26 октомври. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан