• четврток, 26 декември 2024

Четвртина млади Европејци работат за време на школувањето

Четвртина млади Европејци работат за време на школувањето

Брисел, 25 ноември 2024 (МИА) - Во 2023 година, 25,7 отсто од младите Европејци на возраст од 15 до 29 години биле вработени додека учеле, соопшти Евростат.

Како што се наведува, 71,4 отсто од младите кои студираат лани не учествувале на пазарот на труд, додека 2,9 отсто активно барале вработување.

Процентот на млади луѓе кои студираат и работат во исто време значително варира меѓу земјите-членки на ЕУ. Најголем удел на вработени млади во текот на образованието е забележан во Холандија 74,5 отсто, Данска 52,6 отсто, Австрија 46,2 отсто, а најмало во Романија - само 2,3 отсто, Словачка 5,8 отсто и Унгарија 6,1 отсто.

Дополнително, најголем удел на млади кои се во образование и во исто време активно бараат вработување е забележан во Шведска 13,8 отсто, Финска 8,3 отсто и Данска 6,9 отсто. За разлика од нив, најмал удел на младите од споменатата категорија е регистриран во Унгарија 0,4 отсто, Чешка 0,8 отсто и Полска 0,9 отсто. ссм/

фото: архива

Остани поврзан