• понеделник, 23 декември 2024

Четворица загинати во пожар во ковид болница во Букурешт

Четворица загинати во пожар во ковид болница во Букурешт
Букурешт, 29 јануари 2021 (МИА) - Четири лица загинаа во ковид болница во Букурешт во пожар кој избувна рано утрово. Здравствените власти информираат дека се евакуирани 102 пациенти од болницата. Во меѓувреме, пожарот, кој избувнал околу 4 часот во една од зградите во болницата „Матеј Балс“ во Букурешт, е изгаснат. Полицијата се уште не ги соопшти причините за пожарот. паг/  

Остани поврзан