Четворица загинати во несреќа со чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос
- Безживотните тела на четири лица беа извлечени во спасувачка акција југозападно од грчкиот остров Лезбос, откако потонал чамец со мигранти, а спасени се седум лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 27 октомври 2025 (МИА) – Безживотните тела на четири лица беа извлечени во спасувачка акција југозападно од грчкиот остров Лезбос, откако потонал чамец со мигранти, а спасени се седум лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Од крајбрежната служба на Грција информираа дека под координација на Национален центар за оперативна координација, со патролен чамец и патролен брод, хеликоптер на военото воздухопловство и едно возило на копно, се спроведува акцијата за можно пронаоѓање на исчезнати лица.
Во конкретната област каде што е во тек спасувачката акција, ветерот е со јачина од шест Бофори, што дополнително ја отежнува операцијата на крајбрежната служба.
Според државната телевизија ЕРТ, несреќата се случила во текот на ноќта, а спасените лица се судански државјани. ср/сд/