• петок, 28 јуни 2024

Честитка по повод Курбан Бајрам од Сојузот на Македонците со исламска религија 

Честитка по повод Курбан Бајрам од Сојузот на Македонците со исламска религија 
Дебар, 9 јули 2022 (МИА) - По повод големиот празник Курбан Бајрам честитка до сите верници, во земјава и надвор од неа упати Сојузот на Македонците со исламска религија.
- Честит и за многу години  големиот празник Курбан Бајрам со искрени желби за многу здравје, среќа,  радост и благосостојба. Празникот  ги потенцира човечките доблести за солидарност, грижливост, помагање и дарување. Не учи да си помагаме и почитуваме едни со други, стои во честитката.
Ваквите големи празници, се наведува,  отсекогаш биле прилика за изразување на взаемна почит и пријателство помеѓу луѓето.
- Празникот Курбан Бајрам  нека ни даде поттик и нека ни донесе  мир во душата, благосостојба во семејството и среќа во заедницата, се нагласува во честитката потпишана од претседателот Латиф Пајкоски. вт/дма/

Остани поврзан