• петок, 22 ноември 2024

Честитка од Џафери за Божиќ: Нека празникот ги грее срцата со човештво, солидарност, взаемна почит и разбирање меѓу сите граѓани

Честитка од Џафери за Божиќ: Нека празникот ги грее срцата со човештво, солидарност, взаемна почит и разбирање меѓу сите граѓани

Скопје, 7 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери на сите припадници на православната вероисповед, упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник, Христовото раѓање – Божиќ, со желби празникот повторно да ги собере околу себе семејствата, пријателите, соседите и познаниците за дружење, споделување среќни мигови и заедничка трпеза.

- Нека празникот, со сето свое волшепство рефлектира топлина во овие зимски денови, нека ги грее срцата со човештво, солидарност, взаемна почит и разбирање меѓу сите граѓани, и меѓу оние што го слават овој голем празник, и меѓу оние што изразуваат почит кон него. Важно е да се споделува благородна мисла, убава желба и топла прегратка, вели Џафери во честитката за Божиќ.

Сите, нагласува Џафери, имаме потреба од зборови на поддршка кои даваат мир и спокој во душата и домовите, кои даваат надеж и верба во подобро утре и кои влеваат оптимизам дека новата година ќе донесе убави и позитивни вести за нашата земја.

- Да се сплотиме, да бидеме креатори на сигурната иднина за нашата младина, за нашата земја! Предизвиците кои стојат пред нас можеме да ги надминеме само заедно и единствени, со јасна цел пред себе. Само тогаш е гарантиран успехот и постигнувањето на зацртаните определби, на успешна, напредна и европска Република Северна Македонија! Бидете живи, здрави и спокојни! Среќни Божиќни празници, се вели во честитката за Божиќ од претседателот на Собранието. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан