Чак Шумер: Нема место за политичко насилство во САД
![Чак Шумер: Нема место за политичко насилство во САД](https://new.mia.mk/images/20240714011855_big_730x400_91.webp )
Вашингтон, 14 јули 2024 (МИА) - Лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, објави соопштение по инцидентот на митингот на поранешниот претседател Трамп, нагласувајќи: „Згрозен сум од она што се случи на митингот на Трамп во Пенсилванија и добро е што поранешниот претседател Трамп е безбеден. Политичкото насилство нема место во нашата земја“. зш