• петок, 04 октомври 2024

ЦУК: Се уште активен пожарот во зградата во Чаир, на терен три противпожарни возила

ЦУК: Се уште активен пожарот во зградата во Чаир, на терен три противпожарни возила

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Се уште е активен пожарот во зградата во скопската населба Чаир, кој избувна вчера. Во моментов на терен се три противпожарни возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК потсетуваат дека вчера, од 1:50 часот, пожарот во Чаир го гаснеле 20 пожарникари со седум противпожарни возила поради запален магацин на улица „Прохор Пчињски“ бр.136 во подрумски дел на зградата.

- Пожарот е проширен и на станбена зграда, на приземните дуќани, а имаше многу густ црн чад, поради што евакуирани се повеќе од жителите на зградата. Од Итната медицинска помош во 14:25 часот известиле дека имаат дадено прва медицинска помош на 10 деца, 21 возрасен, еден пожарникар и една бремена жена. Дополнително како помош на БППЗ на Град Скопје пристигнало специјално противпожарно возило на АРСМ, се вели во соопштението од ЦУК. мд/дма/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан