ЦУК: Изгаснати 29 пожари, пет се уште активни
- Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало 37 пожари на отворен простор, од кои 29 се изгаснати, три се ставени под контрола, а пет се се уште активни. Активни пожари има во општина Студеничани, над селото Црвена Вода, кај месноста викана Крста, во општина Штип, кај месноста викана Јамуларци, во близина на Пенуш и воениот полигон Криволак, во општина Дебар кај селата Татар Елевци и кај Могорче. Во општина Чашка активен е пожарот кон село Степанци и месноста викана Кадиица, на граница меѓу Општина Чашка и Општина Долнени, каде гори мешана шума.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.