• петок, 20 септември 2024

ЦУК: Вкупно 1 490 повици на 112, нема регистрирано пожари на отворено

ЦУК: Вкупно 1 490 повици на 112, нема регистрирано пожари на отворено

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) -  Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај имало вкупно 1 490 повици на  Единствениот број за итни случаи 112.

- Од нив „реални“ повици биле 54,69 отсто, а 40,54 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 71,60 отсто, кон Итната медицинска помош 24,51 отсто, a кон пожарникарите 2,33 отсто од реалните повици кон 112, се вели во соопштението. 

ЦУК информира дека во последното деноноќие немало регистрирани пожари на отворено на територија на цела држава. мд/дма/

Фото: МИА архива 
 
 

Остани поврзан