• недела, 08 септември 2024

ЦУК: Активни три пожари, под контрола четири, изгаснати 31

ЦУК: Активни три пожари, под контрола четири, изгаснати 31

Скопје, 8 септември 2024 (МИА) – Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои активни се 3, под контрола се 4 и изгаснати се 31 пожар.

Според информациите на ЦУК, активни се пожарите во Општина Петровец, кај селата Градманци, Брезница и Катланово каде што гори нискостеблeста шума, во Општина Кичево во селото Арангел каде што гори деградирана шума и во Општина Демир Хисар во селото Сопотница.

Под контрола се пожарите во Општина Прилеп кај селата Пештани, Кокре, Кален, Дуње, Бонче, Лениште, Веловодица, Смолани и Дрен, како и кај м.в. Дервен. Во Општина Долнени, кај село Десово, пожарот е исто така под контрола. 

Изгаснати се пожарите во општините Чашка, Чучер-Сандево, Гази, Бутел, Сарај, Штип, Делчево, Крушево, Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Виница, Брвеница, Теарце, Гостивар, Валандово, Македонски Брод, Битола, Демир Хисар, Охрид, Струга и Дебар. ар/нд/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан