• среда, 03 јули 2024

Црвен крст Крива Паланка помага во справувањето со топлотниот бран

Црвен крст Крива Паланка помага во справувањето со топлотниот бран
Крива Паланка, 5 јули 2022( МИА) - Волонтерите од општинската организација на Црвен крст Крива Паланка спроведуваат активности за заштита на граѓаните од топлотниот бран што деновиве ја зафати целата држава, делејќи флаширана вода на граѓаните и совети за справување со жештината.
-Превентивната акција имаше за цел на случајните минувачи да им се укажат начини и постапки за заштита како и последиците од високите температури врз нивното здравје. Им ги пренесуваме главните препораки: за време на топлиот период во денот да избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи и спорт и рекреација, да носат светла и лесна облека, заштитни очила и капа, да внесуваат помало количество храна, да пијат големо количество течности и други совети кои се во прилог на зачувување на здравјето на граѓаните, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.
Волонтерите им поделија и брошури со препораки за заштита од топлотен бран на граѓаните, а истовремено се вршеше мерење крвен притисок на случајните минувачи. ид/дма/

Остани поврзан