Циципас загуби за прв пат сезонава пред четвртфиналето, Руд за прв пат во кариерата совлада тенисер од Топ 5
- Петтиот светски рекет Стефанос Циципас вчеравечер во третото коло на Мастерсот во Мадрид загуби од Каспер Руд - 6:7, 4:6. Гркот загуби за прв пат оваа сезона пред четвртфиналето.
Мадрид, 7 мај 2021 (МИА) - Петтиот светски рекет Стефанос Циципас вчеравечер во третото коло на Мастерсот во Мадрид загуби од Каспер Руд - 6:7, 4:6. Гркот загуби за прв пат оваа сезона пред четвртфиналето.
Претходно, тој стигна до четвртфиналето во Марсеј и Мајами, полуфиналето на Австралија опен и Ротердам, до финалето во Акапулко и Барселона, а исто така го освои Мастерсот во Монте Карло.
Руд, пак, по трет пат победи противник од Топ 10 и за првпат совлада Топ 5 тенисер.
Норвежанецот по трет пат се пласираше во четвртфиналето на Мастерс. Негов следен ривал е Александар Бублик од Казахстан. зс/