• сабота, 16 ноември 2024

Цивули: Партиска комисија ќе работи на надминување на разликите во Алтернатива

Цивули: Партиска комисија ќе работи на надминување на разликите во Алтернатива
Скопје, 25 ноември 2022 (МИА) - Во Алтернатива е формирана е внатрепартиска комисија со задача да работи на надминување на разликите во партијата, изјави за МИА членот на партиското раководство Меритон Цивули, откако денеска истече рокот од десет дена што дел од членовите на огранокот на Алтернатива од Чаир му го дадоа на лидерот Африм Гаши за покренување иницијатива за разрешување на министерот за здравство Беким Сали. - Треба оставка од министерот за здравство Беким Сали, а ќе се разгледа и неговата позиција во партијата, дали се уште ќе остане потпретседател. Бидејќи ги има погазено начелата на партијата, го губи и правото да остане потпретседател на партијата, изјави Цивули. На прес-конференција што се одржа на 14-ти месецов, дел од членовите на огранокот на Алтернатива во Чаир, меѓу кои и Цивули, кој е донеодамнешен шеф на Кабинетот на министерот за здравство, побараа оставка од Сали поради, како што наведоа, „незадоволство од неговата работа“. - Во врска со работата и недоличното однесување на функционер од нашите редови, веќе неколку месеци е информиран и претседателот на партијата Африм Гаши, кој се уште не презел ништо во оваа насока. Апелираме до претседателот на партијата согласно надлежностите и обврските со кои го обврзува Статутот на партијата, во рок од 10 дена да покрене иницијатива за разрешување на министерот, бидејќи во спротивно одговорноста за понатамошните чекори, штети и последици во партијата ќе паднат исклучиво на него, рече тогаш Цивули. Во реакција на прес-конференцијата на Цивули, Сали истакна дека незадоволствата доаѓаат од поединци кои „реагираат поради нивни лични интереси“. - Не би се повторувал цело време да објаснувам кој бара оставка. Тоа се поединци кои поради нивни лични интереси го изразуваат незадоволството кон министерот за здравство. Во ниту еден момент и во ниту еден орган на партијата не се изнесени ваквите незадоволства или пак се аргументирани причините за тоа барање. Не вреди да се третира како тема, рече Сали. На барањето на Цивули реагираше и претседателот на огранокот на Алтернатива во Чаир, Фатон Фазљиу, кој во објава на Фејсбук посочи дека до општинските органи на партијата не пристигнала ниту една забелешка или незадоволство кон некој партиски функционер и оти оваа реакција може да биде резултат на „индивидуални незадоволства“. - Сакам да потсетам дека, според Статутот на партијата, прашањето за именувањата и разрешувањата на функционерите на партијата не е во надлежност на ограноците, туку на на Централното претседателство, посочи Фаљиу во реакцијата. мс/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан