• понеделник, 23 декември 2024

Централна свеченост по повод Денот на Армијата

Централна свеченост по повод Денот на Армијата
Скопје, 18 август 2022 (МИА) - Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи централната свеченост по повод Денот на Армијата на Република Северна Македонија, која оваа година одбележува 30 години од формирањето. По повод Денот на Армијата обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. На свеченоста претседателот Пендаровски ќе додели одликувања и ќе бидат соопштени Укази за произведување во генералски чин. Министерката Петровска на командантот на националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт ќе му врачи признание за досегашната поддршка и соработка. Јубилејната свеченост ќе се реализира со свечено дефиле на ешалони составени од припадници на сите команди и единици на Армијата, а ќе бидат претставени и штотуку добиените лесни оклопни возила и други современи средства со кои располага Армијата. дма/вг/

Остани поврзан