Завршена изградбата на улица во населба „Перо Чичо“ во Куманово
- Заврши изградбата на улицата „716“ во кумановската населба „Перо Чичо“ соопшти денеска градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Улицата сместена во населбата е дел од реконструкцијата на улици која се спроведува со средства обезбедени од вториот владин повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти.
Куманово, 15 април 2026 (МИА) - Заврши изградбата на улицата „716“ во кумановската населба „Перо Чичо“ соопшти денеска градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Улицата сместена во населбата е дел од реконструкцијата на улици која се спроведува со средства обезбедени од вториот владин повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти.

Покрај изградбата на оваа улица, започната е и реализација на дополнителни четири улици во оваа населба „719“, „722“, „723“ и дополнителен крак од улицата „716“. За изградба на улиците во два одделни тендери избрана е кумановска компанија, при што за првиот тендер одвоени се над десет милиони денари, додека за вториот над 18 милиони денари. ам/дма/
Фото: Општина Куманово