• понеделник, 23 декември 2024

Централен настан од 32. Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

Централен настан од 32. Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

Скопје, 16 септември 2023 (МИА) - На Школката во Градскиот парк, вечер од 19 часот ќе се одржи централниот настан од 32. Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“.

Организатор на фестивалот е Детскиот културен центар „Карпош“, а главен покровител Град Скопје. Годинашното издание на „Оро без граници“ е во рамки на  кандидатурата за Скопје за Европска престолнина на културата во 2028 година.

-Еден од главните и најсимболични моменти на фестивалот е дефилето на учесниците, каде што се формира најголемото оро, оро кое не познава граници и кое е симбол на пријателството меѓу децата. „Оро без граници“ е празник на градот кој широко ги отвора вратите на Европа и на светот и е амбасадор на културата, соопшти организаторот на фестивалот, кој се одржува од 1991 година. 

Билјана Лалчевска-Серафимовска, директор на фестивалот, истакнува дека тој придонесува за зачувување и презентирање на традицијата и на културата и за промовирање на знаменитостите по кои е препознатливо Скопје. хс/аа/

Фото: Детски културен центар „Карпош“

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан