• недела, 22 декември 2024

Центар за анализи на европската политика: Осум политички задачи за новата Еврокомисија 

Центар за анализи на европската политика: Осум политички задачи за новата Еврокомисија 

Брисел, 3 ноември 2024 (МИА) – Европската комисијата во новиот мандат ќе треба да заврши низ комплексен сет на задачи - од финансирање на воените напори и подготовката за обнова на Украина, преку одбрана од руската хибридна агресија и изградба на стратегија за справување со долгорочните предизвици, па се до спроведувањето на неопходните внатрешно политички и фискални реформи. 

Ова се оценува во извештајот на Центарот за анализи на европската политика со седиште во Вашингтон и со филијали во Брисел и Лондон, посветен на „осумте политички задачи“ на новата Европска комисија предводена од Урсула фон дер Лајен.  

- Првата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен, инаугурирана во 2019 година, наследи тлеечки конфликт во Украина и трговски војни и со Кина и со САД на повидок. Свртувајќи се кон она што таа го нарече „геополитичка комисија“, користејќи термин што некогаш беше анатема за бирократијата на Европската унија, Фон дер Лајен заедно со високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, ги стабилизираа односите со Вашингтон и со Пекинг, за да се соочи во жестока војна со Русија, се оценува во текстот. 

Според ЦЕПА, токму одговорот на Фон дер Лајен на таа војна и овозможи да добие „втор мандат за управување со Европа“.  

- Предизвиците со кои таа и нејзината нова Комисија ќе се соочат, сепак, се поголеми од кога било досега. Долготрајната војна ги намалува фискалните и политичките резерви на Брисел, токму во време кога најмногу се потребни визионерско размислување и трошење, се вели во анализата. 

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен упати писмо до персоналот на ЕК од понеделник оние кои извршуваат помалку важни функции да работат од дома „онлајн“.

Авторите на текстот посочуваат и дека во справувањето со војната во овој втор мандат на Фон дер Лајен ќе и се придружат поранешната естонска премиерка Каја Калас, како висок претставник на ЕУ за надворешна политика и поранешниот литвански премиер Андриус Кубилиус. како еврокомесар за одбрана.  

ЦЕПА оценува и дека ако сака нејзината втора Комисија сака да ги исполни ветувањата што таа ги даде пред нејзиниот избор, Фон дер Лајен ќе треба да се движи брзо на повеќе фронтови, но при тоа и да води сметка и за доследноста, која нема да биде помалку важна од брзината.  

- Добивањето на војната во Украина, одвраќањето од понатамошната руска агресија и враќањето на мирот и стабилноста во Европа ќе бараат постојано внимание и трајни обврски, дотолку повеќе што таквата постојаност и издржливост можеби нема да дојде од Вашингтон. На тој начин, предизвикот за Брисел се зголемува, во услови кога европското лидерство е истовремено и поважно и потешко од кога било досега, се потенцира во извештајот. 

Како прва задача на идната Еврокомисија, ЦЕПА ја посочува потребата од „победа во фискалната војна со Русија“, преку надминување на политичките бариери за конзистентна финансиска помош за Украина и преку „затворање на вентилите“ за руските приходи од енергенси. 

- За да биде ефикасна, обновата на Украина мора да започне далеку пред да заврши војната, па затоа втора задача (на ЕК) е да го одржи темпото на хуманитарната помош и да се обврзе за заокружување на преговорите за членство на Украина (во ЕУ) до 2029 година, се додава во текстот. 

Првата пратка од пакетот безбедносна поддршка од 200 милиони американски долари за Украина пристигна во Киев, соопшти денеска американската Амбасада.

Според авторите, ако Европа сака да ја одржи својата стратешка важност, трета задача мора да и биде исполнување на дадените ветувања за производство на оружје и обезбедување  инвестиции. 

- Долгорочната стабилност и просперитет на континентот ќе зависат од способноста на новата Комисија да го задржи темпото на европската интеграција на Украина и да го заживее процесот на проширување на ЕУ, како четврта задача, смета ЦЕПА. 

Петта задача, според анализата, треба да биде изградба на капацитети за брзо идентификување на хибридните закани и нивно одвраќање, во услови кога Москва станува се поагресивна „во сивата зона во самата Европа“.  

- Шеста задача мора да биде изработката и спроведување среднорочна политика на ограничување на Русија, се додава во документот. 

Имајќи ги предвид растечките стратешки тензии, седма задача, според авторите на извештајот, треба да биде отпочнување заеднички процес на ресетирање на економските и стратешките односи на ЕУ со Кина. 

Дваесет и шестата рунда трговски преговори помеѓу Кина и ЕУ завршува денеска, но без значаен напредок. Еврокомесарот за трогвија, Фил Хоган, предупреди дека Кина треба да вложи поголем напор.

- Конечно, осма задача е повторно воспоставување на довербата и партнерството меѓу Европа и „глобалното опкружување“ за да се создаде пообединет фронт против Русија сега, како и потенцијално и против Кина во иднина, се потенцира во анализата. 

Во документот се посочува и дека отпорноста мора да биде клучниот збор за втората Европска комисија на Фон дер Лајен. 

- Успехот на Комисијата ќе зависи од нејзината способност да ја поттикне соработката меѓу ресорите, меѓу земјите членки и меѓу конкурентните одбранбено индустриски сектори, како и со важните, но понекогаш несигурни сојузници, меѓу кои и Велика Британија и САД, се додава во текстот.  

Според ЦЕПА, остварувањето на овие осум задачи ќе бара стратешка визија, јасна и непоколеблива посветеност на европските интереси и способност за прилагодување на се помултиполарниот свет, во кој Русија останува постојана закана.  

- Можности за успех постојат и доколку се искористат, ЕУ ќе се појави како посилен геополитички актер од кога било досега, се заклучува во анализата. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан