• понеделник, 23 декември 2024

Центарот за јавно здравје во Охрид со опрема за молекуларна дијагностика

Центарот за јавно здравје во Охрид со опрема за молекуларна дијагностика

Охрид, 16 октомври 2023 (МИА) – Oдделението за микробиологија при Центарот за јавно здравје во Охрид се опреми со најнова апаратура и целосно автоматизиран систем за молекуларна дијагностика, што вклучува и екстракција на нуклеински (ДНК и РНК) киселини, Пи-Си-Ар амплификација во реално време и интерпретација на резултати.

Со воведувањето на молекуларна дијагностика, охридскиот Центар за јавно здравје им овозможува на пациентитет брзи и точни резултати по однос присуство на високо ризични типови хуман папилома вирус (ХПВ скрининг), одредување на поединечни генотипови на 14 високо ризичнитипови на ХПВ што се застапени на Балканското подрачје, како и докажување присуство на Chlamydia trachomatis во гинеколошки, цервикални брисеви кај трудници или кај редовни прегледи. аб/дма/

фото/МИА

 

Остани поврзан