• понеделник, 23 декември 2024

Центарот за јавно здравје во Охрид со нова опрема за молекуларна дијагностика

Центарот за јавно здравје во Охрид со нова опрема за молекуларна дијагностика

Охрид, 17 ноември 2023 (МИА) – Центарот за јавно здравје во Охрид од неодамна обезбеди најсовремена апаратура и воспостави целосно автоматизиран систем за молекуларна дијагностика, што овозможува екстракција на нуклеински РНК и ДНК киселини, PCR амплификација во реално време и интерпретација на резултати.

Новата опрема на корисниците им овозможува брзи и точни резултати за анализите за присуство на високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ скрининг), одредување поединечни генотипови-генотипизација на 14 високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ) застапени на Балканското подрачје, како и докажување на присуство на Chlamydia trachomatis во гинеколошки, цервикални брисеви кај трудници

Можностите на новата опрема ќе бидат презентирани денеска пред матичните гинеколози од Охрид и Струга во хотелот „Village” во Охрид од 13 часот. аб/са/

фото/МИА

 

Остани поврзан