• петок, 05 декември 2025

Центарот за лица со посебни потреби во Пробиштип одбележа 20 години од отворањето

Центарот за лица со посебни потреби во Пробиштип одбележа 20 години од отворањето

Пробиштип, 3 декември 2025 (МИА) - Дневниот Центар за лица со посебни потреби во Пробиштип одбележува 20 години од своето постоење. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски денеска беше во посета на дневниот Центар. Тоневски вели дека лицата со попреченост заслужуваат да ги користат сите права рамноправно со останатите граѓани – не само денес, туку секој ден од годината. Нивните очекувања се едноставни, а суштински: еднаквост, поддршка и можност за нормален и достоинствен живот во заедницата.

-Оваа година се навршуваат 20 години од отворањето на Дневниот центар и од неговото успешно функционирање. Навистина ме радува што и по две децении, ова место останува дом на љубов, посветеност и професионална грижа. На сите вработени им упатувам искрена благодарност за нивниот неуморен труд и хуманост, вели Тоневски.

Тој истакна дека Општина Пробиштип и понатаму ќе работи на унапредување на условите за живот на сите граѓани, вклучително и лицата со попреченост, преку надминување на пречките што го отежнуваат нивното секојдневие и преку нивно активно вклучување во социјалниот, културниот и општествениот живот. вдј/дма/

Фото: Општина Пробиштип

Остани поврзан