• понеделник, 23 декември 2024

Цената на нафтата надмина 84 долари

Цената на нафтата надмина 84 долари

Скопје, 9 ноември 2021 (МИА) - Барел нафтата денеска на светските берзи се тргуваше за 84 долари. Растот на цената на нафтата се должи на укинувањето на ограничувањата за патувања во САД и можноста за зголемување на побарувачката.

На лондонската берза цената за барел се зголеми за 62 центи и изнесува 84,05 долари. На американската берза цената на барелот се зголеми за 82 центи и се продаваше за 82,75 долари.

Американската инвестициска банка „ЏиПи Морган Чејз“(JPMorgan Chase) процени дека по минатогодишниот колапс глобалната побарувачка на нафта во ноември речиси се вратила на нивото пред пандемијата со Ковид-19, на 100 милиони барели дневно.

Глобалната побарувачка расте, а водечките производители не сакаат да ја зголемат понудата и во декември и првите месеци од следната година планираат да ја зголемат за само 400.000 барели дневно, како што беше најавено летово. ми/

Тагови

Остани поврзан