• сабота, 06 јули 2024

Целосно реновирана спортска сала доби училиштето „Георги Димитров”

Целосно реновирана спортска сала доби училиштето  „Георги Димитров”

Скопје, 26 септември 2023 (МИА) - Новата учебна година за учениците од средното училиште на Град Скопје „Георги Димитров” започна со целосно реконструирана спортска сала, известуваат од Град Скопје.

Како што истакнаа, реновирањето на салаиа има цел овозможување подобрени услови за спортување и едукација за средношколците. 

 - Старата и небезбедна дрвена подна конструкција во спортската сала е заменета со нова подна подлога за квалитетна реализација на наставата по спорт во училиштето, додаваат тие.

Градот Скопје во континуитет вложува во подобрување на условите за овозможување непречена реализација на наставата. сан/са/

Фото: Град Скопје

Остани поврзан