• понеделник, 23 декември 2024

ЦЕВ го зголеми наградниот фонд за Европското одбојкарско првенство

ЦЕВ го зголеми наградниот фонд за Европското одбојкарско првенство
Луксембург, 11 март 2021 (МИА) – Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ), денеска соопшти дека донела одлука за зголемување на наградниот фонд за континенталните првенства во машка и женска конкуренција на вкупно два милиони евра. Европските шампиони во двете конкуренции ќе добијат по 500.000 евра, а поразените во финалето, ќе инкасираат по 250.000 евра. Паричната награда за бронзениот медал ќе изнесува 125.000, а четвртопласираните репрезентации ќе добијат по 100.000 евра. Машкото европско одбојкарско првенство, на кое пласман обезбеди и македонската репрезентација, ќе се одржи од 1 до 19 септември во Острава (Чешка), Талин (Естонија), Тампере (Финска) и во три полски градови, Краков, Гдањск и Катовице. ег/ар/

Остани поврзан