• понеделник, 23 декември 2024

Царинска управа: Поради пожар отежнато движењето на Богородица, граѓаните да ги користат другите премини кон Грција

Царинска управа: Поради пожар отежнато движењето на Богородица, граѓаните да ги користат другите премини кон Грција

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Царинската управа ги известува граѓаните дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е отежнато движењето на излез и на влез во државата преку граничниот премин Богородица. Поради ова Царинската управа апелира до граѓаните да ги користат останатите гранични премини со Грција.  

Претходно денеска Министерството за внатрешни работи информираше дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин. 

Од АМСМ апелираа возилата да се пренасочат кон Граничниот премин Дојран. 

-Внимателно ги следиме состојбите и навремено ќе ги информираме граѓаните кога преминот ќе биде ставен целосно во функција, се додава во соопштението. ев/дма/

Фото: Архива 

Остани поврзан