• понеделник, 23 декември 2024

Хјундаи ќе инвестира повеќе од 12 милијарди долари во САД

Хјундаи ќе инвестира повеќе од 12 милијарди долари во САД

Сеул, 21 септември 2023 (МИА) - Јужнокорејскиот производител на автомобили Хјундаи Мотор Груп објави дека ќе инвестира 12,6 милијарди долари во изградба на погони за електрични возила и батерии во САД.

Хјундаи ќе потроши 7,6 милијарди долари на фабрика во округот Брајан, Џорџија, која ќе вработи повеќе од 8.500 работници. Компанијата ќе инвестира и пет милијарди долари во фабрика за батерии во округот Бартоу, која ќе вработи околу 3.500 работници.

Техничкиот државен универзитет Џорџија и неговиот Технолошки институт потпишаа меморандум за разбирање со Хјундаи, во кој се наведени соработката за истражување и примена на нови технологии, вклучувајќи ја економијата на водород и развојот на работната сила.

Хјундаи наведува дека во наредните години ќе создаде економска вредност во Џорџија која ќе се мери во десетици милијарди долари и ќе помогне да се отворат околу 40.000 работни места. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан