• понеделник, 23 декември 2024

Хутите тврдат дека нападнале два брода во Црвено Море и во Индиски Океан

Хутите тврдат дека нападнале два брода во Црвено Море и во Индиски Океан

Сана, 24 јуни 2024 (МИА) – Јеменските бунтовници Хути синоќа соопштија дека нападнале два брода во Црвено Море и Индиски Океан.

Бродот во Црвено Море бил нападнат од чамец без екипаж, додека бродот во Индиски Океан бил нападнат со неколку крстосувачки ракети.

Портпаролот на Хутите, Јахија Сари изјави дека нападнатите бродови биле во сопственост на компании „кои ја прекршиле забраната за влез во пристаништата на окупираната Палестина“. Но, тој не прецизира кога биле извршени нападите.

Хутите од почетокот на војната во Појасот Газа ги напаѓаат израелските, американските и бродовите на други држави во Црвено Море, со цел да се стави крај на израелските напади врз енклавата.

Поради континуираните напади на Хутите, големите бродски компании сè повеќе ја избегнуваат најкратката поморска рута меѓу Азија и Европа. Неколку западни земји, вклучително и САД и Велика Британија, почнаа операции за заштита на бродовите во регионот како одговор на нападите на Хутите. Европска Унија, исто така, почна воена операција за обезбедување на трговските бродови во Црвено Море. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан