• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хутите тврдат дека извршиле шест напади врз бродови во изминатите 72 часа

Хутите тврдат дека извршиле шест напади врз бродови во изминатите 72 часа

Сана, 26 март 2024 (МИА) - Јеменските Хути денеска соопштија дека во последните 72 часа извршиле шест напади со беспилотни летала и проектили врз бродови во Аденскиот Залив и Црвеното Море.

Хутите ги нападнаа „Маерск Саратога“, „Еј Пи Ел Детроит“, „Хуанг Пу“ и „Прити Лејди“ откако ги идентификуваа како американски или британски бродови, се наведува во изјава на портпаролот на групата Јахја Сарија.

Тој додаде дека групата нападнала и два американски разурнувачи во Црвеното Море, како и израелскиот град Еилат.

Сè уште не е јасно дали некој од бродовите бил погоден од дронови и проектили. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан