Иран го разгледува мировниот план: Нема подготвеност за отворање на Ормуската Теснина без траен прекин на огнот
- Функционерот потврди дека Иран добил предлози за итно примирје и ги разгледува, но додаде дека Техеран не прифаќа да биде притиснат да не се согласи со роковите и да донесе одлука.
Техеран, 6 април 2026 (МИА) – Иран нема повторно да ја отвори Ормуската Теснина во замена за „привремен прекин на огнот“, изјави денеска за Ројтерс висок ирански функционер, додавајќи дека Техеран верува дека Вашингтон не е подготвен за траен прекин на огнот.
Функционерот потврди дека Иран добил предлози за итно примирје и ги разгледува, но додаде дека Техеран не прифаќа да биде притиснат да не се согласи со роковите и да донесе одлука.
Пакистан изготви рамка за прекин на борбите и синоќа ја испрати до Иран и САД, изјави извор на Ројтерс, повикувајќи се на двофазен пристап со итно примирје проследено со сеопфатен договор.
Американскиот портал „Аксиос“ синоќа објави дека САД, Иран и регионалните медијатори разговараат за потенцијално 45-дневно примирје како дел од двофазен договор што би можел да доведе до траен крај на војната, повикувајќи се на американски, израелски и регионални извори.
Според предлогот, Ормуската Теснина би била повторно отворена, а завојуваните страни би имале помеѓу 15 и 20 дена за финализирање на поширок договор. сд/ми/
Фото:МИА архива