• понеделник, 06 април 2026

Багаи: Иран го формулира одговорот на предлозите за прекин на огнот

Багаи: Иран го формулира одговорот на предлозите за прекин на огнот

Техеран, 6 април 2026 (МИА) – Иран ги формулира своите позиции и барања како одговор на неодамнешните предлози за прекин на огнот пренесени преку медијатори, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, додавајќи дека разговорите „се некомпатибилни со ултиматуми и закани за извршување воени злосторства“.

Тој наведе дека Иран има низа барања засновани на неговите национални интереси, кои веќе биле пренесени преку медијаторите, додека барањата објавени од САД, како што е планот од 15 точки, биле отфрлени како прекумерни.

Иран не се двоуми јасно да ги каже своите легитимни барања и ова не треба да се толкува како компромис, туку како знак на доверба во одржувањето на своите позиции, истакна Багаи. ми/сд/

фото: 

Остани поврзан