• понеделник, 06 април 2026

Во украински напад погоден рудник во Луганск

Во украински напад погоден рудник во Луганск

Москва, 6 април 2026 (МИА) – Во украинскиот напад погоден е рудникот за јаглен Белореченска во Луганск, што е под руска контрола. Рудникот е без напојување со електрична енергија поради што 41 рудар се заробени под земја.

Првиот заменик-претседател на самопрогласената Луганска народна република Јуриј Говтвин изјави дека рударите се подигнати на безбедна висина и е обезбеден е доток на воздух во рудникот.

Според него во текот на денот ќе биде обновено и снабдувањето со електрична енергија, по што рударите ќе бидат извлечени на површина.

Сите релевантни служби преземаат чекори за спасување на рударите и да се врати струјата во рудникот, посочи Пасечник. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан