Најмалку 19 луѓе загинаа при американско-израелските напади во близина на Техеран
- Најмалку 19 лица загинаа, а 20 се повредени во американско-израелските напади во близина на Техеран, објави денеска Иранската државна новинска агенција ИРНА
Техеран, 6 април 2026 (МИА) - Најмалку 19 лица загинаа, а 20 се повредени во американско-израелските напади во близина на Техеран - објави денеска Иранската државна новинска агенција - ИРНА.
Цел на напади биле окрузите Шахријар и Бахарестан, при што целосно се уништени две трикатни згради.
Според новинската агенција „Тасним“, во нападите загинале три девојчиња и три момчиња под 10 години. ми/сд/
фото: ДПА