• четврток, 11 јули 2024

Хутите нападнаа брод во Црвеното Море

Хутите нападнаа брод во Црвеното Море

Дубаи, 10 јули 2024 (МИА) - Јеменските бунтовници Хути денеска нападнаа брод кој пловел под американско знаме во теснецот Баб Ел Мандеб, во Црвеното Море.

Ненадејниот напад на Хутите следеа по пауза од недела и пол. Се претпоставува дека бунтовниците моментално се групираат поради најавата за пристигнување на нов американски носач на авиони.

„Бродот и целиот екипаж се безбедни и продолжуваат кон следното пристаниште,“ соопшти Центарот за поморска трговија на британската војска, додавајќи дека бродот бил нападнат јужно од градот Мока.

Хутите од ноември напаѓаат бродови во Црвеното Море. ПТие не ја презедоа веднаш одговорноста за денешниот напад, иако често тоа го прават по неколку часа или дури денови. ссм/

фото: архива

Остани поврзан