• недела, 22 декември 2024

Хуманитарна трка во Скопје

Хуманитарна трка во Скопје

Скопје, 9 јуни 2024 (МИА) - Во Скопје од утрово се одржа хуманитарна трка, на која учествуваат голем број натпреварувачи, рекреативци, деца.

- Истрчај до целта и добиј медал што ги наградува твојот спортски дух и хуманата страна од тебе. Средствата од котизацијата за трката, фондот „Верица Механџиска“ ќе ги донира во здружението „Во мојот свет“, со цел побрза изградба на првиот социјален клуб за адолесценти и млади со аутистичен спектар и атипичен развој, појаснуваат организаторите.

Трката е насловена како „Зегин спектратон“, а е опишана како трка на херои во сите бои. бд/

Фото: Фејсбук / „Зегин трка“

Видео: МИА

Остани поврзан