Хуманитарна изложба на кучиња во Белград, донациите одат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
- Студентите на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во соработка со професорите денеска организираат хуманитарна изложба на кучиња и сите донации ќе бидат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани, јави МИА од Белград.

Белград, 30 март 2025 (МИА) - Студентите на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во соработка со професорите денеска организираат хуманитарна изложба на кучиња и сите донации ќе бидат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани, јави МИА од Белград.
Хуманитарната изложба трае од 10 до 14 часот.
Со прегледи и третмани, сопствениците на кучиња ќе придонесат колку што можат пари што ќе бидат пренасочени кон семејствата на жртвите во пожарот во Кочани. зш/