• петок, 05 декември 2025

Хуманитарен настан во Кавадарци, се продава мед за да се помогне на девојче

Хуманитарен настан во Кавадарци, се продава мед за да се помогне на девојче

Кавадарци, 12 октомври 2025 (МИА) - Хуманитарен настан се реализира денеска на градскиот плоштад во Кавадарци, се продава мед за да се помогне на девојче од овој град. Организатор на настанот е Атанаско Шишков, производител на мед од неготинското село Долни Дисан. 

- Ме радува тоа што има хумани луѓе од Тиквешијата, но и од целата држава. На мојот апел да помогнеме, позитивно одговорија производители на мед, но и населението кое купува пчелни производи. Сите собрани финансиски средства ќе бидат донирани на семејството, појасни Шишков. 

Шишков потсети дека девојчето имало проблеми со нозете и изрази надеж дека во многубројните акции што се организираат за негова поддршка, ќе се успее да се обезбедат финансиски средства за третмани во Мексико. 

Продадени се 150 тегли мед од пчелари од цела држава. свд/бд/

Фото: Атанаско Шишков 

Остани поврзан