• четврток, 04 декември 2025

Хуманитарен концерт во Велес за помош на семејство чија куќа изгоре во пожар

Хуманитарен концерт во Велес за помош на семејство чија куќа изгоре во пожар

Велес, 25 ноември 2025 (МИА) - Хуманитарен концерт ќе се одржи вечер со почеток во 18 часот во спортската сала на ООУ „Блаже Коневски“ во Велес, а со цел собирање парични средства за семејството Јовевски, чиј дом под Којник пред скоро еден месец беше целосно уништен во катастрофален пожар.

Тие привремено престојуваат кај роднини и пријатели, но итно им е потребно да ја обноват куќата и да се вратат дома. Концертот го организира Делчо Костов - претседател на здружението „Велешки акцијаши“ заедно со Сојузот на волонтери на „Акцијаши“.

Граѓаните може да купат билет и на самиот влез во спортската сала, цената е 100 денари.

Освен со билет, ќе може да се донира и во поставени хуманитарни кутии на самото место во салата, како и на жиро-сметката: 210501648880642 - Пандорка Јовевска, Тутунска банка.

Костов од здружението „Велешки акцијаши“ информира дека овој концерт го организираат за нивниот член - млад акцијаш Гоце, чија куќа целосно изгоре.

- Тој учествувал на бројни еколошки акции и хуманитарни активности за нашиот град и затоа сега е и наш редот и ние да му помогнеме нему и на неговото семејство. Со тоа, повторно ќе им овозможиме сигурен и топол дом, рече Костов. ад/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан