• недела, 22 декември 2024

Худолин: Само 46 проценти од децата се опфатени во предучилишно образование, потребни се дополнителни напори во пристапот и квалитетот

Худолин: Само 46 проценти од децата се опфатени во предучилишно образование, потребни се дополнителни напори во пристапот и квалитетот

Скопје, 28 октомври 2024 (МИА) – Потребни се дополните напори за развој на предучилишното образование, а земјава треба да направи дополнителни напори во две полиња и тоа пристап и квалитет, посочи Штефан Худолин, шеф за соработка во делегацијата на Европската унија  на денешната завршна конференција на проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“.

- Прво во поглед на пристапот и покрај неодамнешниот напредок запишувањето на децата од 3 до 6 години, во раната училишна возраст е 46 проценти што е се уште многу ниско, особено што бројката од 96 проценти, што е целта во ЕУ. Тоа е половина. Знаеме дека во Северна Македонија во побогатите семејства поверојатно ќе одат во предучилишно образование. Исто така само четири проценти од ромските деца се во предучилишно образование, а тоа треба да биде достапно на сите, без оглед на приходот на родителите, вели Худолин.

Посочи дека во градинките треба да има место за сите деца, без оглед каде живеат во урбана или рурална средина.

-Тоа значи дека не треба по секоја цена да се градат нови објекти, туку да се направи ревизија на постојните објекти, со цел да се оптимизира мрежата на училиштата и градинките. Треба да биде приоритет да имаме рационални бројки, бидејќи ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето, а ако групите се помали, тогаш наставниците можат индивидуално да се посветат на сите деца, истакна Худолин.

Што се однесува за квалитетот на наставната програма, истакна дека таа не треба да биде статична, треба да се менува, ревидира и надградува. Наставниците треба постојано да имаат обуки, да бидат транспарентни и да им се дадат соодветни алатаки, со кои ќе им се помогне да се прилагодата на променливите потреби на децата.

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани рече дека проектот дал ефект во работата на градинките. Тој се надева дека обуките, прирачниците и Предлог законските измени, кои се испорачани во рамките на проектот ќе претставуваат добра основа за практична имплементација, а преку која ќе се обезбеди подигнување на квалитетот на услугите во градинките.

- Во изминатиот период во детските градинки се организираа разновидни форми и професионално усовршување на вработените. Модернизацијата на професионалниот развој и негово системско поставување имаше за цел да обезбеди унифициран пристап, кој ќе носи позитивни ефекти во работата на сите стручни профили, но и на детската гардинка, како институција, вели Лимани.

Тој додаде дека потребно е усовршување на постапката за лиценцирање на наставниот кадар во детските градинки. 

Шефот на проектот, Џузепе Москети се заблагодари на сите учсеници во проектот, кој се одвиваше во изминатите пет години, кога имаше и период на ковид криза, но и во земјава изборен процес. Проектот се реализираше со финансиска поддршка од Европската унија. вдј/цр/

Фото: МИА

Остани поврзан