• сабота, 29 јуни 2024

Хрватска ја победи Холандија и се пласираше во финалето на Лигата на нации

Хрватска ја победи Холандија и се пласираше во финалето на Лигата на нации

Ротердам, 15 јуни 2023 (МИА) - Репрезентацијата на Хрватска синоќа во Ротердам ја совлада Холандија со 4:2 во полуфиналето од Лигата на нации.

 

Победникот беше решен по дополнителни 30 минути, откако основните 90 завршија нерешено 2:2.

 

Головите за Хрватска ги постигнаа Андреј Крамариќ (55.минута), Марио Пашалиќ (72.), Бруно Петковиќ (98.) и Лука Модриќ (116. од пенал)

 

За домаќините погодија Дониел Мален (34. минута)  Ноа Ланг (90+6.).

 

Репрезентацијата на Хрватска се пласираше во финалето на Лигата на нации каде ќе игра со победникот од вечерашниот дуел меѓу селекциите на Шпанија и Италија (почеток  20:45 часот). Поразениот тим ќе ги одмери силите со Холандија во мечот за третото место. зс/

Остани поврзан