• петок, 22 ноември 2024

Хрватската полиција преговара со маж со оружје во загрепската болница Ребро

Хрватската полиција преговара со маж со оружје во загрепската болница Ребро

Загреб, 3 септември 2024 (МИА) - Неидентификуван маж денеска влезе со оружје во Клиничкиот болнички центар Ребро во Загреб, јавуваат хрватските медиуми.

Според информации на „Јутарњи лист“, дојавата до полицијата стигнала во 10:05 часот. Полицијата сè уште не утврдила дали станува збор за вистинско оружје.

На терен е и интервентната единица, која заедно со службеници од ПУ Загреб води преговори со мажот.

Според истиот весник лекарите, болничкиот персонал и пациентите се заклучиле во ординациите заради својата безбедност. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан