• вторник, 02 јули 2024

Хрватската владејачка коалиција денеска ќе расправа за распуштање на Парламентот

Хрватската владејачка коалиција денеска ќе расправа за распуштање на Парламентот
Загреб, 14 мај 2020 (МИА) - Коалициските партнери на власт во Хрватска денеска ќе разговараат за датумот на претстојните избори и распуштањето на Парламентот, што би можело да се случи уште во понеделник, пишуваат хрватските медиуми. Иако 22 мај се споменуваше како најверојатен датум за распуштање на Парламентот, пред неколку дена се појавија информации дека Парламентот би можел да се распушти уште во понеделник на 18 мај. Претседателот на Клубот на ХДЗ, Бранко Бачиќ, вчера изјави дека е сигурен оти за распуштање на Саборот, кога ќе се одлучува за тоа, ќе има 80 пратенички гласови. Претседателот на хрватскиот Парламент, Гордан Јандроковиќ, во средата изјави дека сè уште не е донесена одлука за распуштање на Парламентот, но не ја исклучи можноста тоа да се случи следната недела. Тој додаде дека сè зависи од епидемиолошката состојба. јт/

Остани поврзан